Ако во 1946 година Бугарија капитулирала пред Советска Русија и признала македонски јазик и нација во Пиринска Македонија сега владата во Софија со договорот капитулира пред НАТО и ЕУ, тврди бугарскиот дипломат и поранешен амбасадор во Загреб, Велизар Енчев за медиумите во источниот сосед.
Македонија треба да го затвори Јадранскиот круг со кој Русија се елиминира од регионот и затоа Бугарија е под притисок да дозволи влез на соседот во НАТО и ЕУ, вели Енчев кој бара Борисов да ги следи грчките позиции за кои не е важен Вашингтон и Брисел туку само националните интереси и затоа Грција нема да направи компромис како што тоа сега го прави Бугарија.
Според овој дипломат кој смета дека македонскиот јазик и македонската нација не постојат, договорот за добрососедство нема да се применува затоа што официјално Скопје нема да го примени во практика.
Според Енчев договорот нема да функционира затоа што заедничката експертска комисија која треба да се формир, односно македонските претставници во неа нема да се согласат да признаат дека македонизмот е фалсификат. Комисијата не може да ја поништи лажната историја, нема да може да ги смени учебниците во училиштата и затоа договорот нема да биде успешен.
Енчев вели дека не треба да се очекува дека збирката народни македонски песни на браќата Миладиновци ќе се преименува во оригиналниот наслов „Бугарски народни песни“ ниту дека Македонија ќе ја промени својата историската литература.
За него со признавање на измислен македонски јазик кој всушност е југозападен бугарски дијалект Бугарија ја признава македонската нација. Решението според него е да се признае дека постои македонски јазик и нација, но само по 1944 година.
Договорот според него е потпишан и поради притисок на Красимир Каракачанов вицепремиер и министер за одбрана кој е и лидер на ВМРО – БНД. Тој предходно сметал дека во 1999 година е потпишана декларација која е штетна а сега за него договорот кој носи обврски е корисен.
Велизар Енчев
НА 1 АВГУСТ 2017-а ЧАСТНОТО ВМРО НА КАРАКАЧАНОВ КАПИТУЛИРА ПРЕД МАКЕДОНИЗМА И СТАВА ПОЛИТИЧЕСКИ ПОКОЙНИК
Днешна публикация в македонски сайт на покварения от сърбите югозападен български диалект. На този “език” Борисов ще подпише капитулацията ни и ще положи венец на гроба на Гоце Делчев, чиито кости отечественофронтовска България предаде на Скопие на 8 октомври 1946 година.
На 1 август 2017 г. български премиер за втори път ще предаде българските интереси на наследниците на сърбокомунистите. Но за първи националното предателство ще е с участието на ВМРО. След този позорен акт, поругаващ паметта на половин милион български войници, загинали за Македония в две балкански и две световни войни, ВМРО на Каракачанов трябва да се саморазпусне. Или да се влее в антибългарското ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски. Ще са си лика-прилика.
https://www.facebook.com/profile.php?id=1015211075&ref=ts&fref=ts